Пејачот Ламбе Албаковски доби осумдневен притвор, а од Обвинителството соопштија дека тој се бара поради опасност да ја напушти државата, бидејќи поседува и американско државјанство. Судот одлучуваше по жалба поднесена од неговиот адвокат
Судскиот совет на Основниот суд во Битола ја преиначи мерката притвор што завчера му беше изречена на пејачот Ламбе Алабаковски, во куќен притвор, каде тој ќе чека обвинителен предлог за подметнувањето на пожарот во кој изгоре влезната врата на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, јави МИА.
Судот одлучуваше по жалба поднесена од неговиот адвокат.
Пејачот Ламбе Албаковски доби осумдневен притвор, а од Обвинителството соопштија дека тој се бара поради опасност да ја напушти државата, бидејќи поседува и американско државјанство.
Алабаковски е осомничен за кривично дело – предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, за подметнување пожар во кој се запали вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, информираа од Обвинителството.
Оттаму соопштија дека постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери.
Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил.