Станува збор за 34-годишно лице од Битола. Полицијата извршила претрес на две локации што ги користело лицето и пронашла предмети поврзани со подметнувањето на пожарот
Случајот со пожарот во бугарскиот центар „Иван Михајлов“ во Битола на 4 јуни е разрешен и веќе има едно приведено лице кое го призна делото, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се зедоа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба беше извршен претрес на две локации што ги користи Л.А. (34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема ‘пардон’, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој што се огрешил – мора да одговара!“,
вели Спасовски.
Влезот на клубот во Битола беше запален во утринските часови на 4 јуни, а случајот наиде на осуда од македонските и од бугарските власти. Увид на местото на настанот изврши и обвинител од Основното јавно обвинителство кој даде наредба за вештачење, како и за обезбедување на снимките од безбедносните камери во околината.
- (ФОТО) Запален влезот на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола
- ОЈО: Издадени наредби за откривање на сторителите на опожарениот културен центар во Битола
- Ковачевски: Во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо
- За Генчовска пожарот во Битола е подметнат намерно и ладнокрвно, очекува судството да си ја заврши работата