Контролата е спроведена во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и Одделот за граѓански работи при МВР
Во акциска контрола во Куманово е приведен 63-годишник, во чиј деловен простор се пронајдени 28 пиштоли за светлосно-звучна сигнализација, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово вчера го лишија од слобода 63-годишниот Љ. М. од Куманово откако при акциска контрола во негов деловен простор се пронајдени 28 пиштоли за светлосно-звучна сигнализација, за кои немал дозвола“,
се вели во полицискиот билтен.
Контролата е спроведена во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и Одделот за граѓански работи при МВР. Лицето е приведено во полициска станица, а по документирањето на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
