Воздухопловните сили на САД претходно објавија дека целта на оваа активност е да се покаже континуираната посветеност на Соединетите Американски Држави за безбедноста на сојузниците и партнерите на НАТО во Југоисточна Европа
На списокот на земји над кои летаа американски бомбардери се Хрватска, Албанија, Северна Македонија и Црна Гора
Стратешките бомбардери Б-52 на американското воено воздухопловство синоќа прелетаа повеќе земји од Западен Балкан, во знак на поддршка за нивните сојузници од НАТО во регионот.
На списокот на земји над кои летаа американски бомбардери се Хрватска, Албанија, Северна Македонија и Црна Гора.
Така, бомбардери Б-52 летаа над туристичко одморалиште во близина на Дубровник во Хрватска, седиштето на владата во Северна Македонија, плоштадот Скендербег во Албанија и Бока Которска во Црна Гора.
Воздухопловните сили на САД претходно објавија дека целта на оваа активност е да се покаже континуираната посветеност на Соединетите Американски Држави за безбедноста на сојузниците и партнерите на НАТО во Југоисточна Европа.
На Фејсбук-страницата на Командата на воздухопловните сили на САД за Европа и Африка е објавена фотографија која го најавува летот над Црна Гора.
Инаку, авионите се стационирани во базата Ферфорд во Обединетото Кралство.
Демострација на силното сојузништво со НАТО
Два воени воздухоплова од типот Б-52 на воздухопловните сили на САД денеска извршија прелет над Скопје, што е уште еден приказ на заедништвото и силното сојузништво во НАТО, како и посветеноста на сите земји членки на безбедноста и стабилноста на евроатлантската област, соопшти нашето Министерство за одбрана.
„Граѓаните на Скопје и Северна Македонија денеска можеа да видат прелет на два стратешки бомбардери Б52 од американското воено воздухопловство, коишто го покажуваат нашето членство во НАТО Алијансата, безбедноста и сигурноста над нашето небо и небото над сојузниците“,
изјави потполковникот Јован Азмановски од Генералштабот на Армијата, додавајќи дека нашето небо е безбедно и нашето членство е повеќе од видливо.
Добредојде во Тирана
Американската амбасадорка во Албанија Јури Ким и началникот на Генералштабот на албанската армија Арбен Кинги се придружија на толпата во Тирана додека американските авиони летаа над плоштадот „Скендербег“.
„Ние стоиме покрај нашиот сојузник во НАТО – секогаш. Во тоа не треба да има сомнеж“,
рече Ким.
Прелетот на бомбардерите се случува во време кога во Албанија се уапсени двајца Руси, мажи и жена и Украинец за наводна шпионажа во воена фабрика во јужна Албанија.
Русинот, идентификуван како М.З. (24), кој влегол во кругот на фабриката во Грамш, на околу 80 километри од главниот град Тирана, ја фотографирал воената фабрика.
Вчера, како што објавија албанските медиуми тој признал дека бил контактиран од руски агенти да фотографира одредени објекти во Албанија.