Авиони Б-52 на военото воздухопловство на САД извршија прелет над Скопје. Настанот беше најавен од Министерството за одбрана како „демонстрација на силното сојузништво во НАТО и гарант за целата евроатлантска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија“.
Овие авиони, освен над територијата на земјава, ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија.
Б-52, познат и под името „стратотврдина“, е стратегиски бомбардер со голем дострел и можност за носење нуклеарно оружје кој речиси 60 години е дел од американското воздухопловство.