Вучиќ изјави дека ништо не е сигурно и дека се потребни многу гаранции, а во деновите што следуваат ќе се работи напорно за да се обезбеди и зачува мирот на, како што вели, нашиот народ, а во исто време да се обезбеди иднината за опстанокот на Србите во Косово
Соопштението на Вучиќ уследи по состанокот со претставниците на ЕУ и САД, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, на кој присуствуваа и амбасадорите на САД и ЕУ, а во врска со спорот за реципроцитетните мерки на косовската влада, односно за пререгистрацијата на возилата со српски таблички и издавањето документи за влез и излез од земјата
По вчерашната средба со претставниците на ЕУ и САД, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар во Белград, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа се обрати на социјалните медиуми и посочи дека разговорите со странските претставници ќе продолжат и дека уште ништо не е сигурно, а се потребни многу гаранции и многу работа.
Соопштението на Вучиќ уследи по состанокот со претставниците на ЕУ и САД, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, на кој присуствуваа и амбасадорите на САД и ЕУ, а во врска со спорот за реципроцитетните мерки на косовската влада, односно за пререгистрацијата на возилата со српски таблички и издавањето документи за влез и излез од земјата.
„Ќе ги продолжиме разговорите и верувам дека во деновите што следуваат ќе успееме да постигнеме компромисно решение, барем за мал дел, бидејќи е јасно дека такво решение воопшто не може да се постигне во однос на таблиците и некои поголеми прашања“,
објави синоќа Вучиќ преку својот Инстаграм профил.
Вучиќ изјави и дека ништо не е сигурно и дека се потребни многу гаранции.
„Но, во деновите што следуваат, ќе продолжиме да работиме напорно за да се обидеме да обезбедиме и зачуваме мир за нашиот народ, а во исто време да ја обезбедиме иднината за опстанокот на Србите во Косово“,
рече тој.
Претставникот на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, утрото на 26 август на Твитер напиша дека по втората рунда разговори со претседателот на Србија се надева дека се на добар пат.
„Го ценам искрениот напор на српскиот претседател за поддршката на европското решение. Нашите разговори ќе продолжат“,
рече Лајчак, кој претходно во објава на Твитер кажа дека мора да се спроведат сите договори од дијалогот, вклучително и Договорот за слобода на движење од 2011 година.
After a second round of discussions late last night, I hope we are on the right track. I appreciate @predsednikrs sincere effort to support a European solution. Our talks will continue.
— Miroslav Lajčák (@MiroslavLajcak) August 26, 2022
Американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изрази уверување и надеж дека Србите на северот на Косово нема да видат промени во нивните животи од 1 септември, кога владата во Приштина ќе објави почеток на спроведувањето мерки на реципроцитет.
Ескобар изјави дека се надева оти Србите на северот на Косово нема да станат гости во сопствената земја, дека ќе бидат признати како легитимни граѓани и на Србија и Косово и дека ќе продолжат да живеат мирно.
„Тоа е моето очекување и мојата надеж. Уверен сум дека тоа може да го постигнеме, изјави тој. Мора да се спроведат сите елементи на дијалогот, вклучително и формирањето на Заедницата на српските општини. Ова е пораката што многу јасно и ја пренесовме на косовската влада оваа недела во Приштина и за време на неодамнешната посета на премиерот Курти и претседателката Османи во Вашингтон“,
рече Ескобар, додавајќи дека нема рокови за формирање на Заедницата на српските општини, но дека САД очекуваат многу наскоро за тоа да се разговара во рамките на дијалогот.
Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и претставникот на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, оваа недела се во посета на Косово и Србија, каде што одржуваат состаноци со официјални лица од овие две земји во обид да ги смират тензиите меѓу Србија и Косово откако ескалираа настаните на северот на Косово.
Лајчак и Ескобар претходно го посетија Косово, каде што се сретнаа со институционалните лидери на Косово и опозициските партии, а на 25 август се сретнаа и со политичките претставници на Србите во Северна Митровица.
Владата на Косово го одложи спроведувањето на одлуките за пререгистрација на возила со таблички РКС и издавање документи за влез и излез на српските граѓани во земјата до 1 септември откако локалните Срби на северот на Косово се побунија и поставија барикади на патиштата.
Потоа, премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 18 август се сретнаа во Брисел со цел да најдат решение како дел од дијалогот за нормализација на односите, но имаше конкретен резултат.