Никој не знае зошто Албанците решија да вршат еднострани акции и за тоа секогаш добиваа помалку или повеќе поддршка од Квинтата (Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство и Соединетите американски држави, изјави Вучиќ на прес конференцијата по денешната средба со претставници на Србите од Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната средба со претставници на Србите од Косово им се обрати на граѓаните и порача дека во следните десет дена ќе се бара решение за косовскиот проблем.
На средбата со Вучиќ присуствуваа претставници на Српската листа, институции, началници на општини, началници на окрузи, а се одржа во палатата „Србија“.
По средбата, Вучиќ изјави дека од 1999 година, кога со Кумановскиот договор и резолуцијата 1244 беа протерани безбедносните сили од Косово, српското население, како што рече, трпи терор.
„Ова резултираше со прогон на повеќе од 200 000 луѓе и нивните станови и куќи беа украдени, многу од нив беа убиени“,
рече Вучиќ, додавајќи дека од 1999 година трае тешката и макотрпна борба за опстанок на српскиот народ на Косово и Метохија.
„Сега се решени да ги протераат Србите од северно Косово како последна коска во грлото“, рече Вучиќ и додаде:
„Клучната порака до Србите на Косово е дека што и да се случи, нема да има бегалски колони и ќе го спасиме нашиот народ од погроми“,
рече тој.
Што се случуваше во Брисел
Зборувајќи за разговорите со косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, Вучиќ рече дека тие ги отфрлиле сите српски предлози.
„Никој не знае зошто Албанците решија да вршат еднострани акции и за тоа секогаш добиваа помалку или повеќе поддршка од Квинтата (Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство и Соединетите американски држави). Потоа ми рекоа дека сакаат да ги смениме регистарските таблички. Албин Курти во Брисел рече дека сите мора да имаат таблички РКС. Која е поентата на сето тоа? Им велиме дајте ни таблички КС, тие се статусно неутрални, кои незаконски ги укинаа во 2020 година. Скокнаа како попарени. Одбија се“,
рече Вучиќ.
Кога станува збор за личните карти, Вучиќ рече:
„Албанците ни велат, сакаме да ви дадеме документ како нас што ни издава централна Србија. Ние велиме дека нема проблем. Кога Александар Вучиќ ќе влезе на Косово, дајте му ги тие документи, но не можете да издадете таков документ на луѓето кои живеат на северот на Косово. Но тие несакаат да го применат тоа на мене или на вас, ним им е важно само да ги уништат животите на граѓаните кои живеат на северот. И тие го одбија тоа, бидејќи единствената смисла е тортурата на нашиот народ на Косово и Метохија и нивно протерување“,
рече Вучиќ.
Приштина предложи Општ договор
Идејата на Албанците, кажа Вучиќ, била да се оди на „општ договор во шест точки“ кој тој денеска го презентираше:
- Заемно признавање и влез во сите меѓународни организации
- Решавање на проблемот со исчезнатите лица, утврдување и решавање на проблемот со силуваните лица, раселените лица, уништувањето на приватен јавен имот и враќањето на уметничките артефакти од кој било друг вид што Србија ги украла од Косово и, конечно, воените репарации кои Србија треба да плати
- Соработка во иднина
- Воведување на истите права што ги имаат Србите на северот, на Албанците во Бујановац и Прешево
- Преиспитување на претходно договорените договори, а како што рече Вучиќ, тоа најмногу се однесува на она што на Приштина не и се допаѓа, пред се воведувањето на Заедницата на српски општини
- Конечна спогодба.
Тој кажа и дека има засилена „секаков вид разузнавачка активност на северот на Косово“.
„На време ги информиравме лицата кои се на списокот за ликвидација што го креираше режимот на Приштина, а кои одредени надворешни служби тивко или со климање со главата го одобрија. Група Чеченци и Черкези, блиски до противниците на Рамзан Кадиров. Набљудување на ситуацијата на север, регрутирање Албанци да се борат во Украина. Тие на 3 август се сретнале со турски државјанин во Зубин Поток. Групата изрази интерес за ситуацијата, подготвеност да се конфронтира со властите во Приштина, како и на кој начин да можат да обезбедат информации до други странски разузнавачки служби за да ги неутрализираат вооружените групи Срби на северот“,
кажа српскиот претседател.