Во текот на двете години од пандемијата на коронавирус, Шведска е една од ретките земји која инсистираше на максимална слобода на граѓаните. Речиси и немаше ограничувања, поради мислењето на епидемиолозите дека колективниот имунитет е најдобриот одговор
Но, ситуацијата драстично се промени со појавата на мутацијата омикрон, па така познатиот шведски модел остана во 2021 година, додека новата година донесе нови ограничувања
Во Шведска во последните 24 часа е регистриран рекорден број на новозаразени со коронавирусот – 39 938, соопшти денеска Шведската здравствена агенција.
Претходниот рекорден број од 39 321 заразени со ковид-19 беше забележан два дена порано, на 18 јануари.
Шведската влада неодамна воведе нови ограничувања бидејќи позаразната варијанта на омикрон брзо се шири и го оптоварува здравствениот систем на земјата.
Минатата недела шведската премиерка Магдалена Андерсон е заразена со коронавирус.
Во текот на двете години од пандемијата на коронавирус, Шведска е една од ретките земји која инсистираше на максимална слобода на граѓаните. Речиси и немаше ограничувања, поради мислењето на епидемиолозите дека колективниот имунитет е најдобриот одговор.
Но, ситуацијата драстично се промени со појавата на мутацијата омикрон, па така познатиот шведски модел остана во 2021 година, додека новата година донесе нови ограничувања.