Ситуацијата драстично се промени со појавата на мутацијата омикрон, па така познатиот шведски модел остана во 2021 година, додека новата година донесе нови ограничувања
Во текот на двете години од пандемијата на коронавирус, Шведска е една од ретките земји која инсистираше на максимална слобода на граѓаните. Речиси и немаше ограничувања, поради мислењето на епидемиолозите дека колективниот имунитет е најдобриот одговор.
Но, ситуацијата драстично се промени со појавата на мутацијата омикрон, па така познатиот шведски модел остана во 2021 година, додека новата година донесе нови ограничувања.
Шведските власти најавија воведување мерки и ограничувања во декември минатата година поради брзото ширење на сојот омикрон.
Како дел од новите мерки, Шведска потоа ги повика сите вработени да работат од дома, доколку е можно, и да воведат построги правила за социјално дистанцирање.
Бројот на нови случаи во земјата, која предизвика меѓународно внимание минатата година поради одбивањето да воведе строг карантин, се зголеми во последните недели, бидејќи повеќето мерки за борба против ковид беа постепено укинати.
Мерките од декември вклучуваат ограничување до 50 лица на приватни собири и бараат пропусница за ковид за јавни настани на кои присуствуваат повеќе од 500 луѓе.
Иако бројот на хоспитализирани пациенти, како и на пациенти на интензивна нега, сè уште е меѓу најмалиот во Европа, тој исто така почна да растат.
„Сега треба да преземеме заедничка одговорност и да се приспособиме на новата ситуација“,
рече шведската премиерка Магдалена Андерсон на прес-конференција.
Таа додаде дека ги разбира граѓаните дека се уморни од пандемијата и мерките, но, како што наведе, сега постои нов вид вирус, што значи дека ова е нова ситуација.
Во меѓувреме, Шведската агенција за јавно здравје предупреди дека темпото на нови инфекции ќе продолжи да расте во наредните недели и ќе го достигне својот врв во јануари.
Пеколен на јануари
Овие тврдења се остварија, па шведските власти најавија дополнителни ограничувања на 10 јануари. Од среда угостителските објекти ќе можат да работат до 23 часот, а на маса заедно ќе можат да седнат најмногу осум лица.
На возрасните им се препорачува да го ограничат контактот надвор од своето домаќинство, како и да работат од дома секогаш кога е можно.
„Пандемијата е големо оптоварување за шведскиот здравствен систем и сите преземени мерки се привремени“,
рече во оваа пригода премиерката Магдалена Андерсон.
Сегашните мерки се планира да важат до средината на февруари, а ќе се ревидираат на секои 14 дена.
Поради ширењето на сојот омикрон, шведската кралска палата објави дека дури тројца членови на кралското семејство се заразени со коронавирус.
Јавноста прво дозна за позитивниот тест на кралот Карл Густав (75) и кралицата Силвија (78). Тие се во самоизолација и се во добра физичка кондиција, додека експертите работат на пронаоѓање на сите лица со кои биле во контакт.
Само неколку дена по нејзините родители, шведската престолонаследничка Викторија откри дека е заразена со ковид. Таа исто така има благи симптоми и е во самоизолација со семејството – сопругот Даниел, ќерката Естел и синот Оскар.
Викторија прими две дози од вакцината против вирусот, а ова е втор пат да се зарази.
Секој втор Европеец ќе има омикрон
Бранот на инфекции со сојот омикрон низ Европа ризикува да ги оптовари здравствените системи на многу европски земји, соопшти Светската здравствена организација (СЗО) и предупредува дека повеќе од половина од населението на континентот ќе биде заразено со оваа варијанта во следните два месеци.
Ханс Клуге, генерален директор на СЗО за Европа, рече дека Европа забележала повеќе од седум милиони нови случаи во првата недела од 2022 година, двојно повеќе од пред две недели порано, со повеќе од еден процент од населението заразено со коронавирус секоја недела во 26 земји.
Клуге рече дека варијантата омикрон сега е пријавена во 50 од 53 земји во Европа и станува доминантна во западниот дел на континентот.
„Со оваа стапка, повеќе од 50 отсто од населението во регионот ќе биде заразено со омикрон во следните шест до осум недели“,
рече тој.