Од МВР велат дека со Б. Ј. бил извршен службен разговор во кој лицето го појаснил начинот на извршување на кривичното дело

Триесет и осумгодишниот скопјанец Б. Ј. вчера е лишен од слобода и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка за делото убиство, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Б. Ј. се сомничи дека го извршил убиството на 38-годишниот Ш. Е. од скопското село Љубин, што се случи на 21 овој месец на обиколницата „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци.
Од МВР велат дека со Б. Ј. бил извршен службен разговор во кој лицето го појаснило начинот на извршување на кривичното дело.
Денеска, пак, од МВР во координација со ОЈО Скопје, Единицата за насилен криминал – одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, поднеле кривична пријава по брза постапка против Б. Ј. за сторено кривично дело убиство по член 123 од Кривичниот законик.
Инаку, во саботата околу шест часот утрото во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата во близина на Смилковци е пронајдено лице без знаци на живот, а во близина на телото било пронајдено и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал Ш. Е.
