Во Шведска од почетокот на годината секојдневно расте бројот на нови случаи на заразени. За 24 часа се регистрирани околу 25 000, но се очекува до крајот на месецот да достигне речиси 70 000
Шведската премиерка Магдалена Андерсон е заразена со коронавирус, соопштија од нејзиниот кабинет.
Педесет и четиригодишната Андерсон е една од партиските лидери заразени со вирусот, како и неколку членови на кралското семејство.
Се наведува дека се чувствува добро, дека ги почитува препораките на лекарот и дека ќе работи од дома.
Во Шведска од почетокот на годината секојдневно расте бројот на нови случаи на заразени. За 24 часа се регистрирани околу 25 000, но се очекува до крајот на месецот да достигне речиси 70 000.
Во земјата од средата во сила се нови мерки против пандемијата на коронавирусот, како резултат на зголемувањето на бројот на заразени лица.
Угостителските објекти ќе можат да работат до 23 часот, а на една маса заедно ќе можат да седнат најмногу осум лица. Се препорачува работа од дома. На возрасните, исто така, им се советува да го ограничат контактот надвор од своето домаќинство.