Владата им додели 120 000 евра на двата факултета – Православниот богословски факултет и на Факултетот за исламски науки.
Владината одлука е објавена во вчерашниот „Службен весник“ во кој пишува дека се доделуваат за реализирање на студиските програми за 2020 година.
На Православниот богословски факултет „Св.Климент Охридски“, кој е дел од Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, му се доделени 4 500 000 денари (околу 73 000 евра).
На Факултетот за исламски науки – Скопје, пак, му се доделени 3 000 000 денари (речиси 49 000).
Токму претставници на двете најголеми верски заедници во земјава, изминатиов период излегуваа со изјави дека и тие се оштетени од кризата со коронавирусот. Реисот Сулејман Реџепи, пак, дури упати и предупредување до Владата дека ако не добие помош ќе ја суспендира одлуката за почитување на препораките и мерките за забрана на собири, по што ќе нема сила која ќе може да ја спречи епидемијата.
*Поврзани вести:
Тимотеј за „Независен“: И свештениците се оштетени од кризата
Реисот Реџепи: Ако Владата не ни даде помош, ќе ги повлечеме забраните и ќе станеме Бангладеш
Сулејман Реџепи може да одговара и кривично ако повика да не се почитуваат мерките
Филипче по изјавата на Реџепи: Верувам дека сите се свесни за сериозноста на ситуацијата
Владата за Реџепи: Ќе помогнеме на сите, но секој најригорозно мора да ги почитува мерките