Половина од приходите на црквите и на манастирите на МПЦ се од Велигден и тие сериозно се погодени од кризата, вели за „Независен“ митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј.
Тој најави дека за празникот ќе опстојат на одлуката да се почитуваат мерките за справување со епидемијата од коронавирусот и нема да организираат масовни литургии, туку само во најтесен круг.
Околу тоа дали и МПЦ бара финансиска поддршка од државата, како што најави и се закани ако не добие реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, г. Тимотеј вели дека за тоа сѐ уште не се разговарало ни во Светиот архиерејски синод, ни со Владата, но тоа не се исклучува.
„Ќе видиме дали има можности за тоа и какви се. И свештениците се оштетени, а Велигден е празник над празниците, не можат тие да останат со празни трпези“,
вели Тимотеј.
Запрашан врз која основа ќе бара помош кога МПЦ не плаќа даноци кон државата, Тимотеј одговори дека тоа не е точно, бидејќи МПЦ за сѐ што купува или гради плаќа данок, а за тоа не добива поврат како другите.
*Поврзани вести:
Реисот Реџепи: Ако Владата не ни даде помош, ќе ги повлечеме забраните и ќе станеме Бангладеш
Сулејман Реџепи може да одговара и кривично ако повика да не се почитуваат мерките
Филипче по изјавата на Реџепи: Верувам дека сите се свесни за сериозноста на ситуацијата