Додека во голем број од европските земји со громогласен аплауз од терасите на нивните домови граѓаните симболично ги поздравуваат здравствените работници кои се во првите редови во борбата со коронавирусот, првиот обид за ваква акција од македонските граѓани беше со мала поддршка.
Во 17 часот за кога беше најавена акцијата терасите на голем дел од зградите во Скопје останаа празни, а само мал дел од граѓаните се охрабрија да излезат и да дадат симболична поддршка на здравствените работници.
Дел од оние кои излегоа да аплаудираат видеата ги споделуваат по социјалните мрежи изразувајќи солидарност со здравствениот персонал.
Една од нив е и пејачката Кристина Арнаудова која претходно ги повика граѓаните да се приклучат на акцијата.