Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува претседателот на Собранието, Африм Гаши, се емитува вечерва (9 ноември 2026 г.) од 20:30 часот на МРТ 1
Што значат 2 158 амандмани за судбината на измените на законот за јавни набавки, кои се враќаат на пленарна седница на Собранието во трето читање по суспензивното вето од шефицата на државата – е една од темите во разговорот со претседателот на парламентот Африм Гаши, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Во новиот извештај за земјава објавен минатата недела, Европската комисија оценува дека Собранието може само делумно ефикасно да ги врши своите надлежности. Зошто едни закони се носат по скратена постапка, а други со месеци чекаат гласање? Ако од Брисел не можат да се обезбедат гаранции во пристапниот процес кон ЕУ – како што бара ВМРО-ДПМНЕ, дали партнерите во власта разговараат за домашни гаранции што би се обезбедиле преку парламентот? На кое ниво е довербата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен по обвинувањата за тројански коњ за изборите во Брвеница? Ова се дел од прашањата во интервјуто со Гаши.
Емисијата се емитува од 20:30 часот на МРТ 1.
