Двајцата премиери ја оцениле позитивна досегашната работа на експертските групи кои беа формирање со цел да се интензивира дијалогот и соработката по формирањето на новите влади во двете држави
Делегациите на Северна Македонија и Бугарија, предводени од премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков ја почнаа средбата во Минхен која се одржува на маргините на безбедносната конференција.
Средбата сè уште трае, а од досегашниот тек, како што соопштија од Владата, двајцава премиери изразиле надеж дека дијалогот помеѓу двете држави ќе доведе до решение за заедничка европска иднина.
„Присутните изразија задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа. Двајцата премиери ја оценуваат како позитивна работата на експертските групи и остварената непосредната комуникација и секторската соработка како ефективен метод за продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог, и изразија надеж дека соработката и дијалогот носат најголеми придобивки за граѓаните и водат до решенија и до заедничка европска иднина“,
соопштија од Владата.
На средбата заедно со Ковачевски присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и шефот на дипломатијата, Бујар Османи.