Уставниот суд одлучи да ги поништи уредбите на Владата за минимална плата на функционерите, судиите и обвинители и за ограничување на исплатата ја додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор.
Одлуката е донесена откако пред две недели уставните судии одлучија да поведат постапка и да ги суспендираат овие уредби додека не ја оценат уставноста.
Со денешната одлука и конечно е одлучено дека избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор – пратеници, шефот на државата, министри, градоначалници, судии, обвинители … нема да земаат минимална плата од 14 500 денари.
Пред две недели кога уставните судии решија да покренат постапка за оваа уредба, предизвикаа бура од реакции во јавноста, а Владата одлуката ја нарече скандалозна.
На Уредбата претходно се противеа здруженијата на судии и обвинители, кои откако Уставен го запре минималецот, потоа ги повикаа своите членови да донираат во солидарниот фонд за борба против ковид-19.
*Поврзани вести:
Владата ги стави и судиите и обвинителите на минималец
Здружението на обвинители до Дескоска: Треба да ни се намалат платите, но не на минималец
Уставен го запре минималецот за функционерите, судиите и обвинителите
Влада: Одлуката на Уставен за минималецот е скандалозна
Уставен: Одлуката за платите е донесена едногласно, Владата треба да ја почитува
Наместо минималец, на уставните судии ќе им останат платите од над 90 илјади денари
Антикорупциска не гледа судир на интереси што уставните судии го запреа минималецот
Препорака на Здружението на судии: Третата власт да донира најмалку по 20 проценти од платите
Здружението на обвинители ги повика обвинителите да донираат дел од платите