Откако македонските граѓани, во претходните два дена, го поминаа третиот викенд во карантин, од денеска полицискиот час повторно почнува од 19 часот
Владата во наредните денови треба да донесе одлука дали за Денот на трудот ќе има сличен карантин како за Велигден, со оглед на тоа што 1 Мај паѓа во петок.
Потоа, пак, би следувало олабавување на рестрикциите за движење, наспроти зајакнувањето на мерки за заштита, како што најавија претходно од Владата. Премиерот Оливер Спасовски рече дека Владата подготвува стратегија за постепено враќање на животот во нормала од почетокот на мај.
Откако македонските граѓани, во претходните два дена, го поминаа третиот викенд во карантин, од денеска полицискиот час повторно почнува од 19 часот во текот на работната недела.
За тоа дали за првомајските празници треба да се очекува зголемување на периодот за забраната за движење, министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека кога се носи ваква одлука таа оди заедно со проценка дали се носи заштитна опрема.
Тој најави дека во следните денови ќе се анализира состојбата и врз основа на фактичката состојба ќе се донесе одлука.