По два викенда со целосна забрана за движење, полицискиот час во овој е скратен. Забраната за движење денеска ќе почне од 15 часот, а ќе трае до понеделник до 5 часот наутро.
Денеска (сабота) лицата над 67 годишна возраст денеска можат да се движат од 5 до 11, а младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 120 до 15 часот.
На сметка на олабавувањето на рестриктивните мерки, Владата ги зголеми т.н. меки мерки, па од четвртокот заштитната опрема за устата и носот е задолжителна на сите затворени јавни места, како маркети, продавници, банки, пошти, здравствени установи, како и при користење на јавен превоз, но и на отворено каде не е можно одржување на дистанца од 2 метри. Освен маска, може да се носи и друга прекривка како марама или шал.
*Поврзана вест: Филипче: Маските треба да се носат поради асимптоматските лица