Вадењето песок со дозвола за риби стигна во Собранието

Дали фирмите што добиваат согласности за изградба на езерца за рекреативен риболов навистина градат такви рекреативни центри, или само вршат експлоатација на песокот и на чакалот од локациите, праша пратеникот Халил Снопче од Алијансата за Албанците, на седницата за пратенички прашања, пишува „Призма“.
Прашањето доаѓа три седмици откако БИРН објави истражување дека луѓе поврзани со фирми за ископување песок и за подготовка на бетон, во изминативе две години побарале дозволи за одгледување риба во езерца за рекреативен риболов, на локации познати по долгогодишната експлоатација на песок.
Снопче на говорницата, пак, рече дека се обраќа во име на жителите на селата Горно, Средно и Долно Коњари, кои, како што додаде, три децении се борат со неконтролираното ископување песок во овој реон бидејќи им се загрозува снабдувањето со вода, животната средина и земјоделското земјиште. Според него, проблемот засега околу пет илјади жители и околу 400 ученици во локалното основно училиште.
Целата вест може да се прочита тука.
