Предлогот на украинскиот претседател Зеленски доаѓа на денот кога е извршен масовен сајбер напад над Украина и хакирани се владините веб страници
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи да се одржи заеднички состанок со претседателот на САД, Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин на кој би се разговарало за тензиите кои владејат помеѓу Русија и Украина, пренесува балканскиот сервис на РСЕ.
Предлогот на украинскиот претседател Зеленски доаѓа на денот кога над Украина е извршен масовен сајбер а хакирани се украинските владини сајтови.
Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи (МНР) за Ројтерс изјави оти е прерано да се каже кој стои позади хакерскиот напад, но кажа дека Русија стоела позади слични сајбер напади во минатото.
„Прерано е да се заклучува, но постои долга евиденција за руските (сајбер) напади врз Украина во минатото“,
кажа тој.
Руското Министерство за надворешни работи (МНР) не одгвори веднаш на барањето на Ројтерс за коменрар за сајбер нападот. Русија претходно негираше дека стои позади сајбер нападот кон Украина.
Во меѓувреме, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека барањата НАТО да не се шири или распоредува оружје во Украина и другите поранешни советски републики се клучни за напредокот во преговорите за украинската криза.
Тој додаде дека Москва нема да чека бесконечно и дека до следната недела очекува писмен одговор од САД и НАТО на нејзините барања, наведувајќи дека распоредувањето војници и оружје на НАТО во близина на руската граница е безбедносен предизвик што веднаш мора да се реши.
„Ни снемува трпение. Западот, воден од ароганција, ги зголеми тензиите со кршење на своите обврски и со потезите против здравиот разум“,
рече Лавров.
Оваа недела САД и сојузниците одржаа разговори со Русија во обид да ги намалат тензиите, но сите три рунди разговори – во Женева, Брисел и Виена – се покажаа како неуспешни.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, во четвртокот рече дека Москва не гледа причина да одржи нова рунда разговори со Западот.