Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер соопшти дека денеска ќе ја напушти болницата „Валтер Рид“, каде беше хоспитализиран откако имаше позитивен резултат на тестот за ковид-19.
На Американците тој им порача да не се плашат од вирусот бидејќи неговата администрација развила одлични лекови.
„Се чувствувам добро. Не плашете се од ковид. Не му дозволувајќи да доминира со вашиот живот. Мојата администрација разви навистина одлични лекови и знаења за вирусот. Се чувствувам подобро од пред 20 години“,
напиша Трамп на Твитер.
Позитивна на вирусот е и неговата сопруга, Меланија Трамп, но таа се лекува во домашни услови. И таа денеска на социјалните мрежи објави дека се чувствува добро.
Доналд и Меланија Трамп објавија дека се позитивни на вирусот во четвртокот.