Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенани, денеска објави дека има позитивен резултат на тестот за ковид-19.
Таа е последната од потесниот круг на американскиот претседател Доналд Трамп на која и е дијагностицирана болеста во изминатите неколку дена. Резултатот за тестот го добила денеска, а се тестирала откако во четвртокот стигнале позитивните резултати на Хоуп Хикс, советничка на Трамп.
Во четвртокот Мекенани имала и брифинг со претставниците на медиумите, но на Твитер објави дека не знаела за позитивниот резултат на Хикс пред средбата со новинарите.
— Kayleigh McEnany (@PressSec) October 5, 2020
Хикс беше првата од опкружувањето на американскиот претседател за која се објави дека е позитивен. Неколку часа по неговите резултати во четвртокот, и Доналд Трамп објави дека тој и сопругата Меланија се позитивни на ковид-19.
Тој, поради превенција, е сместен во болница додека првата дама на САД се лекува дома. И таа денеска се огласи преку социјалните мрежи.
„Моето семејство ви е благодарно за поддршката и молитвите. Се чувствувам добро и ќе продолжам да одморам дома. Благодарност до медицинскиот персонал насекаде, моите молитви се за сите оние кои се болни или имаат член на семејството заразен со овој вирус“,
напиша Меланија Трамп на Твитер.
My family is grateful for all of the prayers & support! I am feeling good & will continue to rest at home. Thank you to medical staff & caretakers everywhere, & my continued prayers for those who are ill or have a family member impacted by the virus.
— Melania Trump (@FLOTUS) October 5, 2020
Инаку, Трамп кој е хоспитализиран, накратко излезе од болничкиот апартман и со возило помина покрај неговите поддржувачи кои се собираа во знак на поддршка пред болницата.