Американскиот претседател Доналд Трамп, преку нова видеопорака, порачува дека научил многу за ковид-19 и дека ова што му се случува е вистинско школо за него.
Тој веќе неколку дена е сместен во болницата „Волтер Рид“ и оттаму испраќа видеопораки кои ги споделува на својот профил на Твитер.
„Ова е многу интересно патување. Научив многу за ковид-19. Ова е вистинското школо“,
вели Трамп во обраќањето.
Тој во пораката додава дека во воената болница каде што се лекува успеал да се сретне со одлични медицински лица, но и со некои војници.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 4, 2020
Можно е тој да биде пуштен на домашно лекување бидејќи се чувствува подобро. Член на неговиот лекарски тим за Би-би-си изјавил дека состојбата се подобрува и тој не се жали на респираторни проблеми.
Докторот Бен Гарибалди вели дека планот е Трамп денеска да не биде во кревет, да јаде и да пие.
„Ако продолжи да се чувствува добро како денеска, се надеваме дека може да биде отпуштен утре за да може да го продолжи лекувањето во Белата куќа“,
изјави докторот.