Светска здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека нема докази дека БСЖ вакцината ги штити луѓето од инфекција со новиот коронавирус.
СЗО објави и дека во тек се две клинички испитувања за оваа вакцина, но во недостиг на докази, СЗО не препорачува БСЖ вакцинација како превенција од ковид-19.
Но, СЗО и понатаму препорачува неонатална БСЖ вакцинација во земјите или опкружувањата со голема инциденција на туберколоза.
*Поврзани вести: