Пораката беше прочитана во централниот „Дневник“, а новото уредништво ја претстави како „прва мерка на извинување“ и чекор кон враќање на довербата на гледачите
Студентите во блокада реагираа преку социјалната мрежа Икс, порачувајќи дека не прифаќаат извинување, туку бараат оставки
Новиот уреднички колегиум на информативната програма на Радио-телевизија Србија (РТС) упати извинување до гледачите за содржините што биле изоставени во претходниот период, но студентите во блокада не го прифаќаат и бараат оставки.

Пораката беше прочитана во централниот „Дневник“, а новото уредништво ја претстави како „прва мерка на извинување“ и чекор кон враќање на довербата на гледачите.
„Почитувани гледачи, ова се првите чекори кон, се надеваме, оздравување на РТС. Прва мерка на извинување за сите што беа изоставени во претходниот период. Ни претстои работа на програмските содржини во јавен интерес. Сакаме да ја вратиме вашата доверба“,
се наведува во пораката.
Студентите во блокада реагираа преку социјалната мрежа Икс, порачувајќи дека не прифаќаат извинување, туку бараат оставки.
„Не прифаќаме извинување. Прифаќаме само оставки“,
објавија тие.
Не прихватамо извињење. Прихватамо само оставке. @RTS_Vesti
— Studenti_u_blokadi (@studentblokade) October 29, 2026
Нивната реакција следува по промените во уредничката структура на информативната програма на РТС, кога беа сменети повеќе уредници, меѓу кои и уредниците на централниот „Дневник“. Студентите претходно бараа оставки од раководството и одговорните уредници на јавниот сервис.
