Противдиверзантските единици на српското Министерство за внатрешни работи ги провериле објектите на РТС на улиците „Таковска“ и „Абердарева“, Радио Белград, како и тој на Кошутњак
По завршувањето на проверките е утврдено дека дојавите се лажни, по што вработените се вратиле на своите работни места, а програмата продолжила
Лажни дојави за поставени бомби во објектите на Радио-телевизија Србија (РТС) вечерва предизвикаа евакуација на вработените, но и одложување на емитувањето на вториот „Дневник“ на јавниот сервис.

Како што објави РТС, до нивниот контакт-центар во 18:42 часот била упатена дојава дека во објектите на медиумот има поставени бомби.
Поради безбедносната закана, вработените ги напуштиле зградите додека траеле проверките.
Противдиверзантските единици на српското Министерство за внатрешни работи ги провериле објектите на РТС на улиците „Таковска“ и „Абердарева“, Радио Белград, како и тој на Кошутњак.
Поради проверките, емитувањето на вториот „Дневник“ на РТС било одложено за речиси половина час.
По завршувањето на безбедносните проверки, било утврдено дека дојавите се лажни, по што вработените се вратиле на своите работни места, а програмата продолжила.
Промените во раководството на јавниот сервис се случија вчера, на електронска седница на Управниот одбор, по оставката на досегашната генерална директорка Мања Грчиќ.
Дејан Јовановиќ е избран за вршител на должноста директор на Радио-телевизија Србија (РТС), додека Боривоје Ускоковиќ е назначен за главен и одговорен уредник на информативната програма.
