Во новото издание на „360 степени“ на ТВ Алсат (6 април 2020 г.):
-Верувале или не: по петтата недела од регистрирањето на првиот случај на коронавирус, Македонија има повеќе заразени на сто илјади жители и од Италија и од Шпанија; земјава утре ја завршува шестата недела, а Италија и Шпанија се во десеттата недела од првите случаи;
-Мобилната армиска болница досега петпати била поставена заради вежба, шестиот пат најверојатно ќе прими вистински пациенти;
-БСЖ вакцината го јакне имунолошкиот систем и помага за подобро справување со ковид-19 – хипотеза што се проверува со експерименти во Австралија, Холандија, Германија… Италија, на пример, никаогаш не спровела масовна вакцинација со БСЖ;
-реакции од занаетчии, микро и мали претпријатија за вториот пакет владини мерки за ублажување на економските последици – сторија од струмичко и од Тетово;
-на колку пари помош од ЕУ може да смета Северна Македонија и кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција од преговорите за членство – кратко интервју со вицепремиерот Бујар Османи;
-Мерките во Македонија во споредба со соседните држави;
-„Саботажа“.