Од Јавното обвинителство во поднесокот, наведе судијата Трпков, се осврнуваат на правните прашања кои произлегуваат од измените на Кривичниот законик, а влијаат на обвинителниот акт и правната квалификација на делата, односно во него било наведено: „Имајќи ги предвид одредбите од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, односно правните прашања кои произлегуваат од него и нивното влијание на правната квалификација на кривичните дела за кои се гонат обвинетите додека се донесе соодветна јавнообвинителска одлука, барам да се одложи закажаната расправа“
Каква јавнообвинителска одлука ќе биде донесе треба да биде познато на следното рочиште, кое судијата го закажа за 4 октомври. Во врска со ова, судијата Трпков рече: „Да видиме што ќе прецизираат од Јавното обвинителство и како ќе се осврнат на правната квалификација“
Денешното рочиште од судскиот процес за главниот предмет за масовното прислушување – „Таргет-Тврдина“, во кој првообвинет е ексшефот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, се одложи поради поднесок од Јавното обвинителство.

Случајот „Таргет-Тврдина, кој се суди по вторпат откако скопската Апелација ја укина првостепената пресуда, е еден од предметите кои се засегнати од неодамна донесените измени на Кривичниот законик (КЗ). Токму измените на КЗ беа причината поради која се одложи денешното рочиште.
Како што соопшти судијата Илија Трпков, кој претседава со петчлениот судечки совет, вчера до Основниот кривичен суд Скопје стигнал поднесок поврзан со измените на Кривичниот законик.
Од Јавното обвинителство во поднесокот, наведе судијата Трпков, се осврнуваат на правните прашања кои произлегуваат од измените на Кривичниот законик, а влијаат на обвинителниот акт и правната квалификација на делата.
„Имајќи ги предвид одредбите од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, односно правните прашања кои произлегуваат од него и нивното влијание на правната квалификација на кривичните дела за кои се гонат обвинетите додека се донесе соодветна јавнообвинителска одлука, барам да се одложи закажаната расправа“,
навеле во поднесокот од Јавното обвинителство, соопшти судијата Трпков.
Каква јавнообвинителска одлука ќе биде донесена треба да биде познато на следното рочиште, кое судијата го закажа за 4 октомври.
„Да видиме што ќе прецизираат од Јавното обвинителство и како ќе се осврнат на правната квалификација“,
рече судијата.
Инаку, денешното рочиште се одржа во празна судница. Од бранителите на обвинетите беше присутен само адвокатот и сопруг на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Влатко Илиевски, кој ја застапува во предметот.
Имајќи предвид дека поднесокот од Обвинителството судот го добил вчера, судијата Трпков појасни дека заради избегнување трошоци, судот ги известил казнено-поправните установи, каде што дел од обвинетите издржуваат затворски казни за други случаи, да не ги спроведуваат обвинетите поради извесноста дека денешното рочиште ќе се одложи.
Измените во Кривичниот законик, со кои, меѓу другото, беа намалени казните од членот 353 за злоупотреба на службената положба и овластување и членот 354 за злосторничко здружување што, пак, повлекува застарување на некои од делата за кои се товарат обвинетите во случаите што ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).
Како измените на КЗ може да влијаат на „Таргет-Тврдина“
Застарувања на дела се очекува да има и во најважниот случај што го отвори СЈО – „Таргет-Тврдина“, кој се однесува на масовното незаконско прислушување. Бришењето на став 5 од членот за злоупотреба на службената положба и овластувања ги засега ексминистерката Гордана Јанкуловска, како и Тони Јакимовски и Никола Бошкоски.
За бившиот шеф на УБК, Сашо Мијалков, пак, ќе нема застарување за злоупотреба на службената положба и овластување бидејќи тој се гони по став 2, каде што максималната казна е пет години, што значи дека апсолутна застареност ќе има во 2025 година. Од друга страна, пак, ќе му застари делото од членот 394 – злосторничко здружување.
Мијалков се гони според ставот 1 од овој член каде што максималната затворска казна во актуелниот закон е десет години, а со измените таа се намалува до три години, па за апсолутна застареност се потребни шест години. Со оглед дека прислушувањето се однесува на периодот до 2015 година, застареноста според измените ќе се смета дека настапила во 2021 година. Сличен расплет на настаните се очекуваат и за бегалецот Горан Грујевски.
Ова е второ судење за „Таргет-Тврдина“ откако Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда со која на 12 години затворска казна беше осуден ексшефот на УБК, Сашо Мијалков.
Највисоки казни од по 15 години затвор добија двајцата избегани контраразузнавачи од т.н. Петта управа на тогашната УБК, Никола Бошковски и Горан Грујовски.
Во случајот беа обвинети вкупно 11 лица, кои со првостепената пресуда, која Апелација ја укина, беа осудени на вкупно 55 години затвор и 10 години условен затвор. Апелацискиот суд Скопје во декември лани соопшти дека ги уважил жалбите на седуммина обвинети во случајот, односно на сите осудени на затворски казни, со исклучок на Владимир Варелов кој доби условна казна од две години.
Одлуката на Апелација предизвика многу контроверзии, бидејќи на второстепениот суд му требаше долго време да одлучи по жалбите.
Првиот судски процес започна во декември 2017 година, а пресудата беше донесена по повеќе од три години, односно во февруари 2021 година. Одлуката за нејзино укинување од Апелација, пак, беше донесена во декември 2022 година.
Новиот судски процес за главниот предмет од масовното прислушување почна на 27 февруари.