Остануваат триесет дена до крајот на кампањата, а здравствените експерти препорачале Трамп да работи од претседателските канцеларии во болницата „Волтер Рид“, каде што е хоспитализиран
Сите планирани настани од претседателската кампања на Трамп, во кои се очекува тој да учествува, одат преку интернет или привремено се одложени, откако тестовите на откако тестовите на ковид-19 на американскиот претседател и неговата сопруга испаднаа позитивни.
Трамп e префрлен е во болница, откако неговиот лекар соопшти дека тој чувствува замор, има грозница и покачена температура.
Портпаролката на Белата куќа Кејли Мекнени информираше дека Трамп е префрлен во воената болница „Волтер Рид“ во Бетазди, во Мериленд, од претпазливост и оти таму ќе престојува неколку дена.
На снимките од заминувањето на Трамп во болница се гледа дека тој е во добро расположение, иако со бавен од, во костум, со маска и со рака ги поздрави новинарите пред да влезе во хеликоптерот.
Мекнени прецизираше дека здравствените експерти препорачале тој да работи од претседателските канцеларии во болницата „Волтер Рид.“.
Остануваат триесет дена до крајот на кампањата, а сите најавени настани во кои се вклучени членови на семејството на Трамп се исто така привремено одложени.
„Сите други настани во рамки на кампањата ќе бидат разгледани од случај до случај и ние ќе објавиме соодветно соопштение неколку дена однапред“,
соопштија од кампањата на Доналд Трамп.
Тестот на потпретседателот на САД, Мајк Пенс е негативен за вирусот и тој ќе продолжи да ја води кампањата за изборите што ќе се одржат на 3 ноември.
Дебатата меѓу кандидатите за потпретседател на Пенс и Камала Харис ќе се одржи на 7 октомври во Солт Лејк Сити, Јута, објави „Њујорк Пост“.
Сепак, дебатата ќе се одржи под уште посилни безбедносни мерки за кандидатите, по барање од штабот на демократот Џо Бајден, кој, исто така, се тестираше на ковод-19, по објавата на неговиот противкандидат Трамп дека е позитивен.