Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека Украина ќе ги плати ракетите преку донации од Канада, Германија и Норвешка, користејќи ја американската програма „Џампстарт“, како и преку национални средства од заем на Европската Унија
Американскиот Стејт департмент соопшти дека ја одобрил продажбата на 500 ракети „патриот“ од типот ПАК 3 за Украина, со проценета вредност од 2,1 милијарда долари.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека Украина ќе ги плати ракетите преку донации од Канада, Германија и Норвешка, користејќи ја американската програма „Џампстарт“, како и преку национални средства од заем на Европската Унија наменет за поддршка на Киев.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно неделава изјави дека Украина речиси еден месец чека САД да го одобрат испраќањето на ракетите, додека Русија ги засилува нападите врз енергетската и цивилната инфраструктура. Во повеќе наврати ги повика САД да ја забрзаат испораката пред почетокот на зимата.
Доцнењето во испораката на ракетите ги зголеми тензиите меѓу Украина и САД, особено откако американскиот претседател Доналд Трамп најави договор за дизел-гориво со Русија и го критикуваше Зеленски поради неподготвеноста на Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии.
