По извршениот службен разговор во полициската станица, во соработка со Инспекторатот за животна средина при Општина Карпош, против сторителот се преземени соодветни законски мерки за загадување на животната средина
Полицијата го идентификува и го повика на разговор 50-годишникот А.А. од Скопје, откако на социјалните мрежи беа објавени видеоснимки на кои се гледа како со товарно возило истура градежен шут на зелена површина.

Како што соопштија од полицијата, денеска во полициската станица Карпош биле преземени соодветни мерки за утврдување на идентитетот на лицето кое го управувало товарното возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. По извршениот службен разговор, во соработка со Инспекторатот за животна средина при Општина Карпош, против сторителот се преземени соодветни законски мерки за загадување на животната средина.
