Од владејачката партија порачуваат дека надлежните институции мора до крај да го расчистат овој криминал, а одговорните да бидат соодветно санкционирани
Во случајот „Криминални парцели“ за кој се поднесе кривични пријави, вмешани се соработници на Христијан Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ откако Управата за финансиска полиција поднесе кривични за седум физички лица до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.
„Криминалниот случај со препродажба на парцели во Делчевско за кои јавноста беше информирана пред локалните избори добива епилог. Поднесени се кривични пријави против седум лица, дел од нив функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски. Сите тие се сомничат дека со однапред договорена зделка противправно се стекнале со 1,5 милиони евра. Аферата криминални плацови води директно до Мицкоски и Белиот дворец“,
велат од СДСМ.
Оттаму порачуваат дека надлежните институции мора до крај да го расчистат овој криминал, а одговорните да бидат соодветно санкционирани.
Станува збор за случај за кој лани во ноември објави „360 степени“, а во кој се работи за ниви во Делчевско што ги купила „ЕВН електрани“ 40 пати поскапо од пазарната вредност. Лицата што ги продале нивите на компаниите ги добиле на подарок само три недели претходно.
Поврзани вести:
- Пратеникот Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ: Финансиската полиција упадна во мојот дом и врши претрес
- Цел не е пратеникот Јаулески туку неговиот татко – станува збор за сомнителни трансакции, претреси има во Скопје и во Делчево
- СДСМ: Јаулески не живее во станот каде што се вршел претрес, туку во стан што го плаќа Собранието
- Стоилковски за акцијата на Финансиска полиција: Режимот на Заев прави притисок врз опозициски пратеници