Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од Скопје процесите ќе бидат во форма на невгреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност е денешната временска прогноза, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Наместа се очекува биде и нестабилно со пороен дожд и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
„Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 32 до 36 степени“,
се вели во соопштението од УХМР.
И во главниот град ќе биде топло со мала до умерена облачност.
Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невгреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.
„Минималната температура ќе се спушти до 19 часот, а максималната ќе достигне до 36 степени“,
прогнозираат синоптичарите.
Во новата работна седмина времето ќе биде сончево и топло со слаба локална нестабилност во попладневните часови.
