Оваа историска трансакција, според него, повеќе од двојно ги зголемува американските нафтени резерви, значитечно го зголемува снабдувањето со нафта и значително ќе ги намали цените на бензините за сите Американци, а истовремено ќе помогне Венецуела да се насочи кон голем успех и просперитет
Рубио го оцени договорот како огромна победа и за американскиот и за венецуелскиот народ. Според него, договорот ќе донесе речиси 100 милијарди долари приватни инвестиции во Венецуела, ќе поддржи илјадници високо платени работни места и ќе придонесе за реконструкција на венецуелската економија
И Делси Родригез го поздрави договорот, оценувајќи дека целта е Венецуела да ја консолидира својата позиција како значаен производител на енергија и огромните нафтени резерви да ги стави во функција на економскиот развој, отворањето работни места и зголемувањето на приходите
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) постигнале договор со Венецуела, опишувајќи го како најголемиот нафтен договор во светската историја, пренесува Си-ен-ен.
Со тоа, како што рече Вашингтон ќе стекне мнозинска контрола врз повеќе од 65 милијарди барели докажани нафтени резерви во Венецуела.

На неговата социјална мрежа Трут соушл наведе дека договорот е постигнат по негова насока, а процесот го воделе американскиот државен секретар Марко Рубио, министерот за одбрана Пит Хегсет и привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, како и претставници на приватниот сектор.
Според него, договорот ќе го зголеми американското снабдување со нафта и ќе придонесе за намалување на цените на бензините.
„Тие обезбедија мнозинска контрола на САД врз повеќе од 65 милијарди барели докажани резерви на нафта во Венецуела, без никакви трошоци за американските даночни обврзници“,
рече Трамп.
Оваа историска трансакција, според него, повеќе од двојно ги зголемува американските нафтени резерви, значитечно го зголемува снабдувањето со нафта и значително ќе ги намали цените на бензините за сите Американци, а истовремено ќе помогне Венецуела да се насочи кон голем успех и просперитет.
„Овој договор значително ќе ги зајакне веќе растечките односи меѓу Венецуела и САД“,
вели тој.
Како што пишува Си-ен-ен, висок претставник на Белата куќа за медиумот соопштил дека договорот предвидува САД да имаат 55 отсто ефективно учество во производството на ново приватно заедничко вложување, кое, според резервите, би станало втора најголема приватна нафтена компанија во светот.
Венецуелската влада, пак, со поддршка на САД доделила 100-годишни концесии за нафтените полиња на приватна компанија, а американската влада обезбедила повеќе од половина од вредноста на новата компанија преку сопственички удел и гарантирано откупување по одредена цена.
Како што ќе расте производството, стабилното снабдување со нафта ќе биде насочено кон пополнување на стратешките резерви на САД и задоволување на потребите на американскаста армија.
Договорот ќе донесе речиси 100 милијарди долари приватни инвестиции во Венецуела
Договорот, како што оценуваат познавачите на состојбите, доаѓа во период на зголемен притисок врз американската администрација поради високите цени на горивата.
Националната просечна цена на бензинот во САД е над четири долари за галон, а Трамп во својата објава особено го истакна ветувањето за намалување на цените, во пресрет на среднорочните избори.
Рубио го оцени договорот како огромна победа и за американскиот и за венецуелскиот народ. Според него, договорот ќе донесе речиси 100 милијарди долари приватни инвестиции во Венецуела, ќе поддржи илјадници високо платени работни места и ќе придонесе за реконструкција на венецуелската економија.
И Делси Родригез го поздрави договорот, оценувајќи дека целта е Венецуела да ја консолидира својата позиција како значаен производител на енергија и огромните нафтени резерви да ги стави во функција на економскиот развој, отворањето работни места и зголемувањето на приходите.
Венецуела располага со најголемите докажани резерви на нафта во светот.
Договорот е дел од поширокото американско ангажирање во венецуелскиот нафтен сектор. На почетокот на годината, САД извршија воена операција во Венецуела и го заробија поранешниот претседател на земјата, Николас Мадуро, кој беше пренесен во Њујорк за да се соочи со кривични обвиненија. По операцијата, Трамп најави дека американски компании ќе учествуваат во обновата на нафтената индустрија на Венецуела.
Во јануари, венецуелскиот парламент одобри измени на законите, поддржани од Родригез, со кои се олеснува учеството на странски компании во нафтената индустрија.
