Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, утрово преку социјалните мрежи соопшти дека во неговиот дом влегла финансиската полиција и прави претрес.
Упадот се случува на денот кога во Собранието е закажана седница за гласање недоверба на Владата, па Јаулески во објавата порачува и дека денеска режимот ќе заврши.
„Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!“,
напиша Јаулески на Фејсбук.