Инфективниот оддел за пациентите со полесна и средно-тешка клиничка слика со ковид-19 во кумановската Општа болница ќе продолжи да работи, но делот познат како Инфективно 2, кој физички се наоѓа во зградата од Оделот за уво, нос и грло, ќе се затвори поради рационализација на персоналот, соопштија од болницата.
Пациентите кои се сместени на Инфективно 2, ќе бидат пренесени во Инфективната клиника во Скопје.
„Досега згрижувавме над 30 пациенти, а немавме ниту простор, ниту услови за поголем број пациенти, ниту стручен кадар, бидејќи од четири инфектолози, двајца се на боледување“,
наведуваат од кумановската болница.
Оттаму уште еднаш апелираа до кумановци да ги следат препораките на Светската здравствена организација (СЗО) и Министерството за здравство, да останат дома и заеднички да го победиме вирусот.
*Поврзани вести:
Заменик–директорот на болницата во Куманово има коронавирус
Спасовски: На владина седница ќе се одлучува за можен карантин на Куманово