Заменик директорот на кумановската болница, Илбер Исуфи, преку објава на неговиот Фејсбук профил информира дека е позитивен на коронавирусот.
Исуфи во објавата вели дека и тој и неговото семејство се чувствуваат добро.
„По неколкуте симптоми на коронавирусот, го направив тестот и пред два дена го добив резултатот, кој беше позитивен“,
напиша Исуфи.
Во објавата тој апелира до граѓаните на Куманово и Општина Липково да останат дома, да не се собираат во групи, бидејќи, вели, секој од нас е одговорен за последиците.