На следната владина седница ќе се дебатира за евентуално затворање на Куманово и воведување на 14-дневен карантин во градот. Ова го истакна премиерот Оливер Спасовски, кој во друштво на министрите Венко Филипче, Радмила Шекеринска и Бујар Османи, направи рекапитулар на досегашната броба против коронавирусот.
“Големината на градот, опкружувањето, околината и регионот што го опфаќа и најважно ефектите што ќе ги дадат овие мерки, тоа ќе биде основата за носење на овие мерки”,
рече премиерот Спасовски во однос на можниот карантин за Куманово.
Причините поради кои се размислува за затворање на Куманово се очигледни. Градот претставува жариште на коронавирусот, каде досега се регистрирани 311 заразени, со што според апсолутните бројки, е веднаш зад главниот град.
Доколку биде донесена одлука за целосен карантин, Куманово ќе стане трета општина во државата која ќе биде затворена на подолг период, по Дебар и Центар Жупа.