Премиерот Зоран Заев, споделувајќи видео-изјава од пред два дена во статус на Фејсбук порачува дека април 2021 е месецот за спроведување на пописот.
Тој посочува дека пописот што требаше да се одржи во април годинава бил одложен по барање на Мицкоски и опозицијата, а нагласува и дека спроведувањето на оваа статистичка операција нема да влијае на Уставот и Рамковниот договор.
„Пописот го одложивме бидејќи Мицкоски и опозицијата бараа да биде одложен неколку месеци пред пандемијата и го направивме тоа. Пописот и резултатите, никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор, или слично. Пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистиките коишто ни требаат во државата. Има правила Евростат и треба да ги почитуваме до крај. Април 2021 е месецот за спроведување на пописот“,
пишува Заев на Фејсбук.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, досега најавуваа дека нема да поддржат законско решение кое отстапува од стандардите на напредните европски земји.
Инаку, пред десетина дена министерот за правда Бојан Маричиќ изјави дека Владата испратила до Собранието предлог-закон за попис, и тоа со речиси идентична содржина како таа што беше во процедура во претходниот парламентарен состав.
*Поврзани вести:
„Фајненшл тајмс“: С Македонија се соочува со демографски предизвик, неопходен е попис
Се подготвува терен за пописот: Владата го пуштила „стариот“ закон во собраниска процедура
ВМРО-ДПМНЕ од старт го проблематизира повторно најавениот попис