Мицкоски ѝ предложи на Владата концепт со кој државата ќе заштеди 300 милиони евра. Според Мицкоски, заштедата може да се обезбеди преку набавка на мазут за електраната ТЕЦ Неготино и тоа по цена која би била за 200 евра по тон пониска од таа која во моментов се набавува
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара средба со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во седиштето на неговата партија за да го претстави концептот за справување со енергетската криза.
„Сакам вистински да се помогне, затоа што работите се пресериозни и поважни од суетата на било кој член на владата. Во услови кога Димитар Ковечевски дезертира, бега од средба и ТВ дуел со мене, го поканувам заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи на состанок во Недела (2/октомври/2022) во 12 часот во Седиштето на ВМРО ДПМНЕ, каде детално ќе го објаснам планот и концептот кои ќе значат закрепнување на економијата и помош на бизнисот“,
вели Мицкоски.
Вели дека политички поени не го интересирале кога цената е иднината на земјата и илјадници луѓе чии работни места се под знак прашалник.
„Нудам концепт не само за оваа есен и зима, туку и за следната година“,
напиша Мицкоски.
Лидерот на најголемата опозициска партија повторно го обвини премиерот Ковачевски дека бега од соочување.
„Побарав средба со Димитар Ковачевски за да го презентирам концептот за ублажување на последиците од енергетската криза и спас на работни места. Премиерот дезертираше и одби ваква можност. Го повикав на дебата на тема енергетика/економија на медиум кој сам ќе го одбере. Повторно дезертираше. Одби со изговор дека сега не било време.“,
вели Мицкоски.
Мицкоски ѝ предложи на Владата концепт со кој државата ќе заштеди 300 милиони евра. Според Мицкоски, заштедата може да се обезбеди преку набавка на мазут за електраната ТЕЦ Неготино и тоа по цена која би била за 200 евра по тон пониска од таа која во моментов се набавува.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече има имале контакти со компании од Германија, Швајцарија и Чешка, а кои можат од Гаспром да донесат количина на гас која што е доволна.