Попладнево италијанската премиерка имала средби со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, како и со еврокомесарот за економски прашања, Паоло Џентилони
Џорџа Мелони, новата премиерка на Италија денеска пристигна во Брисел каде за прв пат по стапувањето на функцијата има средби со високи претставници на Европската Унија, јавуваат агенциите.
Попладнево таа имала средби со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, како и со еврокомесарот за економски прашања, Паоло Џентилони.
Претседателката на Европскиот парламент на Твитер напиша дека Италија отсекогаш имала централна улога во ЕУ и повика на натамошна соработка.
„Повеќе од кога и да било, со руската инвазија на Украина, вртоглавото зголемување на цените на енергијата и зголемената инфлација, треба да останеме обединети. Посилни сме ако останеме заедно“,
напиша Мецола на својот официјален твитер-профил.
Benvenuta Presidente @GiorgiaMeloni al @Europarl_IT.
— Roberta Metsola (@EP_President) November 3, 2022
L'Italia ha sempre avuto un ruolo centrale nell'UE.
Più che mai – con l'invasione Russa dell’Ucraina, prezzi dell'energia alle stelle e inflazione in aumento – dobbiamo rimanere uniti.
Siamo più forti se stiamo insieme 🇪🇺🇮🇹 pic.twitter.com/khKuHN02me
Мелони, политичарка од екстремната десница, во минатото често ја критикуваше Европската Унија и нејзините институции, што кај повеќемина предизвика сомнеж околу посветеноста на нејзината влада за соработка со ЕУ.
Мелони го предводеше сојузот на конзервативните партии до победата на изборите на 25 септември и ќе ја води најдесничарската влада во земјата од Втората светска војна.
Нејзината екстремно десничарска влада ја доби довербата на двата дома на италијанскиот парламент и официјално почна со работа, кон крајот на минатиот месец.