Меџити вели дека во ДУИ има судири како резултат на кршење на принципот на меритократија, бидејќи како што рече, „ со едни луѓе се собраа гласовите, со други се направи влада“
Заменик претседателот на ДУИ, Изет Меџити во емисијата „200“ на Алсат рече дека се повлекол од функцијата шеф на пратеничката група на ДУИ за да не влијае врз другите пратеници на партијата со своите позиции. Тој рече дека ќе продолжи да ги поддржува политиките на ДУИ, но дека ако со нешто не се согласува ќе гласа против.
„Оставката или повлекувањето на шефот на пратеничката група е од повеќе причини. Значи, јас јавно велам дека имам свои забелешки, јас претставувам различно мислење во овој период во рамките на ДУИ, со моите забелешки до оваа извршна власт и за да не влијаам врз нив од позицијата координатор, сакајќи да биде појасна мојата позиција, затоа што од една страна го напаѓам вицепремиерот или политиките на извршната власт, од друга страна треба да ги бранам или да гласам за тие позиции во парламентот од таа позиција и да ги отстранам овие противречности мислам дека го поплочив патот да се има друг координатор кој ќе може да разговара со групите и да ги балансира овие концепти и полесно да ја извршува својата задача“,
рече Меџити.
Меџити рече дека во ДУИ има судири како резултат на кршење на принципот на меритократија, бидејќи како што рече, луѓето што собрале гласови на последните избори, биле изоставени од извршната власт.
„Тоа е критички глас што доаѓа од структурата на ДУИ. За извршните избори, тоа е глас за враќање на дебатата во партиските тела. Бидејќи минатата година се одржа конгресот на ДУИ, а самиот Конгрес значи дека треба да произведеме нова визија, нова програма, нов претседател, нови тела. Можеби ова беше попречено од короната, но не можеме да се држиме до ова размислување и да немаме нови органи. Значи, да ја вратиме дебатата до телата и таму да дадеме свои проценки, без оглед дали се работи за извршната власт, или за политиките и другите. Ова е прашање на организациски аспект, втор принцип на меритократија, во политиката вреди колку што имате гласови. На овие избори излеговме на начин што не го испорачавме она што го ветивме пред гласачкото тело. Со едни луѓе се собраа гласовите, со други луѓе се направи влада. Јас не го велам тоа, има случаи кога треба да се избалансира, но мора да има легитимитет во овој поглед“,
рече Меџти.
Тој ги негираше гласините дека судирите во рамките на ДУИ се игра за привлекување на вниманието на јавноста. Според него, ова се гласови на опозицијата и оти вистината е дека тој го изразил своето мислење поинаку, што во ДУИ се сметало за додадена вредност.
„Дали е игра или е вистина, со целосна одговорност велам дека е вистина и не тврдам дека сите ќе поверуваат во ова, на крајот на краиштата никому не е забрането да дејствува како опозиција, тие имаат своја работа, јас зборувам за ДУИ. Вистина е дека минатата недела кога се одржа централното претседателство беше речено дека темите се дискутирани и разработени. Во зависност од перцепцијата, дали ова го гледаме како проблем или како додадена вредност во рамките на ДУИ. Затоа што таму каде што има дебата, каде што има судир на аргументи и судир на концепти е напредок. Мислам дека господинот Ахмети различно го оценува мислењето, како што рече во јавноста, како додадена вредност на ДУИ“,
рече Меџети.
Претходно, вицепремиерот Артан Груби коментирајќи ја одлуката на Меџити да се повлече од функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ, рече дека тоа е негова лична одлука и дека ја почитува.
Тој не сакаше да коментира во врска со судирот во партијата и потсети на изјавата на лидерот Али Ахмети по последниот состанок на ЦК на кој се согласиле дека сите прашања се решени и дека треба да ги поддржат политиките на партијата.