Трамп е трајно суспендиран од Твитер кратко по нападот на Конгресот на 6 јануари 2021 година, поради, како што тогаш стоеше во објаснувањето на платформата, „ризик од понатамошно повикување на насилство
Милијардерот Илон Маск изјави дека сака Твитер да ја укине доживотната забрана за поранешниот американски претседател Доналд Трамп, но истакна дека тоа не значи дека ја поддржува неговата потенцијална кандидатура за претседателските избори во 2024 година.
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск на крај на април склучи договор за купување на Твитер за 44 милијарди долари. Со овој договор, социјалната мрежа Твитер која има милиони корисници ширум светот, во целост преминува под контрола на најбогатиот човек на светот, Илон Маск.
Со договорот, Твитер престанува да фнкционира како јавна компанија, која на пазарот е од 2013 година.
Тој на конференција организирана од „Фајненшл тајмс“ рече дека одлуката на Твитер да го забрани Трамп е „морално лоша“. Маск во неколку објави на оваа социјална мрежа истакна дека не го поддржува Трамп како претседателски кандидат.
„Иако мислам дека кандидат кој предизвикува поделби нема да биде добар кандидат за 2024 година, сепак мислам дека Трамп треба да се врати на Твитер“,
изјави милијардерот.
Тој денеска најави дека ќе му ја поништи забраната на експретседателот на САД, Доналд Трамп, за користење на оваа социјална мрежа.
Трамп претходно изјави дека не сака да се врати на Твитер, туку дека наместо тоа, сака да ја лансира својата платформа Social Truth. Нему му беше трајно забрането да користи Твитер во јануари 2021 година поради „ризикот од дополнително поттикнување насилство“ по инвазијата на Капитол, соопшти тогаш компанијата.
Трамп размислува да се кандидира за претседател во 2024 година по поразот на изборите во 2020 година.
Профилот на Трамп имаше 88 милиони следбеници, а беше блокиран од оваа мрежа пред самиот крај на неговиот претседателски мандат и по повеќегодишни расправии за тоа како социјалните мрежи треба да ги третираат профилите на светските лидери.
Трамп е трајно суспендиран од Твитер кратко по нападот на Конгресот на 6 јануари 2021 година, поради, како што тогаш стоеше во објаснувањето на платформата, „ризик од понатамошно повикување на насилство“.