Во болниците во земјава во моментов се хоспитализирани 475 пациенти позитивни или суспектни на ковид-19.
Од нив, само двајца се на респиратор и тие се хоспитализирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Таму вкупно се сместени 45 пациенти.
Според денешниот извештај на Министерството за здравство, 100 пациенти има на Инфективната клиника. Од нив 62 се на кислородна поддршка, додека на механичка вентилација не е ниту еден.
Во Скопје пациенти со ковид-19 има и во болницата во Козле. Шест деца и шест мајки таму се позитивни на вирусот, а едно дете и една мајка се суспектни.
Здравствениот билтен покажува дека во битолската болница во моментов има 36, а во штипската 56 пациенти.
Во останатите болници во внатрешноста односно на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 223 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.