Речиси половина од активните случаи со ковид-19 во државата се во Скопје, покажува денешниот извештај на Министерството за здравство.
Во моментов во земјава активни се 5 555 случаи, а од нив 2 655 или 47,8% се лоцирани во главниот град.
Од случаите во Скопје, за 70 заразени лица сè уште не се завршени епидемиолошките анкети и тие засега не се распоредени по општини.
Од останатите, може да се види дека Аеродром и понатаму го држи првото место со 531 активен случај.
Високи бројки имаат и Центар – 448 и Карпош – 437.
Понатаму, следна на листата е Кисела Вода со 312 заболени во моментов. Гази Баба има 282, а Ѓорче Петров 208. Со трицифрени бројки се и Чаир – 118 и Бутел – 107.
Состојбата во останатите општини е следна:
- Шуто Оризари – 15
- Студеничани – 4
- Сарај – 16
- Арачиново – 7
- Илинден – 36
- Сопиште – 20
- Чучер Сандево – 8
- Петровец – 16
- Зелениково – 8
Во главниот град има и 12 странци кои во моментов се позитивни на ковид-19.
Каква е состојбата во останатите градови погледнете на линкот во продолжение.