Новите случаи се дијагностицирани од 1 853 направени тестирања. Најмногу од новозаразените – 200 се од Скопје. Во последните 24 часа регистрирани се и 128 излекувани пациенти
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-200, Куманово-16, Дебар-2, Штип-9, Прилеп-29, Тетово-30, Струга-2, Велес-6, Битола-14, Охрид-4, Кавадарци-17, Гостивар-5, Гевгелија-15, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-10, Неготино-5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје-57, Куманово-11, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-8, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2, Гостивар-2, Струмица-7, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-8, Валандово-1, Кичево-5.
Починати се 10 лица: двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г), двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови, останатите 9 се починати во болница.
Активни се 5 555
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23 628, бројката на оздравени пациенти е 17 239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5 555. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 9 854, активни 2 655
- Куманово 1 973, активни 218
- Дебар 309, активни 50
- Штип 1 443, активни 160
- Прилеп 925, активни 227
- Тетово 1 722, активни 291
- Струга 749, активни 79
- Велес 429, активни 96
- Битола 467, активни 155
- Охрид 510, активни 89
- Кавадарци 321, активни 89
- Гостивар 1 028, активни 97
- Гевгелија 267, активни 143 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)
- Струмица 580, активни 360
- Крива Паланка 176, активни 60
- Радовиш 170, активни 72
- Крушево 20, активни 0
- Кочани 567, активни 205
- Пробиштип 139, активни 24
- Демир Хисар 65, активни 4
- Македонски Брод 98, активни 4
- Пехчево 53, активни 9
- Берово 164, активни 41
- Валандово 82, активни 50
- Виница 150, активни 49
- Делчево 210, активни 114 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 31, активни 7
- Свети Николе 423, активни 59
- Кичево 416, активни 78
- Ресен 201, активни 38
- Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1 853 теста се преку: ИЈЗ-644, ЦЈЗ Скопје-101, Авицена-456, Биотек-202, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-85, Систина со PCR метода-142, лабораторија Лаор-101, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-74, Инфективна клиника-2, ГАК-7, Синлаб-37, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 221 011 тестирања на ковид-19.