Главниот град има едноцифрен број починати – 9
Куманово останува градот со најголем број починати во Македонија во актуелната епидемија на ковид-19. Со последниот случај, за кој денеска известија здравствените власти, во Куманово досега се регистрирани 14 жртви од новиот коронавирус. Последната почината од ова место е 63-годишна пациентка, која на 6 април била примена во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје „во тешка состојба и веднаш била поставена на респираторна машина“.
Нов починат има и во Општина Струга, па вкупниот број жртви таму сега изнесува 11. Станува збор за 46-годишна пациентка од Лабуништа, примена на Клиниката за инфективни болести на 29 март, која „подолг временски период била на механичка вентилација“.
Третиот починат за кој се известува денеска е 71-годишен пациент од Прилеп. Тој бил лекуван на Инфективната клиника од 15 април. Со оваа жртва, бројот на починати во Прилеп се искачи на четворица.
Скопје засега останува со едноцифрен број починати – 9.
*поврзана вест За 24 часа: Три смртни случаи и 18 новозаболени од ковид-19, направени се 263 теста
*поврзана вест МЗ: Излекувани уште 21 лице, во болниците има 109 пациенти, од кои 9 се на респиратор