Тројца пациенти починаа, а 18 лица се новодијагностицирани со ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Една од починатите е пациентка од Лабуништа на 46-годишна возраст која на Клиниката за инфективни болести е примена на 29 март, а подолг временски период била на механичка вентилација. Вториот починат пациент на оваа клиника е 71-годишен маж од Прилеп, кој бил хоспитализиран од 15 април.
Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Куманово на 63-годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.
Со тоа вкупно од појавата на болеста во земјава починаа 54 лица од ковид-19.
Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на коронавирус и тоа по градови: во Скопје, Штип и Тетово по двајца нови заразени, во Куманово 9 и по еден во Велес, Гостивар и Пехчево.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1 225 во 24 града. Ситуацијата со бројот на заболени по градови е:
-Скопје – 411
-Куманово – 338
-Дебар – 51
-Штип – 34
-Прилеп – 117
-Тетово – 57
-Струга – 55
-Велес – 59
-Битола – 17
-Охрид – 15
-Кавадарци – 4
-Гостивар –13
-Гевгелија – 4
-Струмица – 2
-Крива Паланка – 4
-Радовиш – 4
-Крушево – 3
-Кочани – 27
-Пробиштип – 2
-Кичево – 2
-Неготино -2
-Демир Хисар – 1
-Македонски Брод – 2
-Пехчево – 1
Во изминатото деноноќие направени се 263 теста. Во ИЈЗ направени се 252 и во „Систина“ со PCR-метода – 11.
Досега во земјата се направени вкупно 12 133 тестирања за ковид-19.
*Поврзнани вести
МЗ: Излекувани уште 21 лице, во болниците има 109 пациенти, од кои 9 се на респиратор