Претставничка на кинескиот Центар за контрола и спречување на болести соопшти дека таа во април примила една од четирите вакцини на кои се работи и досега немала никакви симптоми
Вакцините против новиот коронавирус што се развиваат во Кина би можеле да бидат достапни за поширока употреба во ноември, изјави претставничка на кинескиот Центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ).
Кина во моментов работи на четири вакцини против ковид-19, кои се во завршна фаза на клиничко испитување.
„Третата фаза добро се одвива и вакцините би можеле да бидат готови за јавност во ноември и во декември“,
изјави експертката за биобезбедност во ЦДЦ, Гуижен Ву.
Кинеската државна фармацевтска компанија „Синофарм“ и „Синовак биотеч“ развиваат три вакцини во рамките на државната програма, додека четвртата ја развива „Кансино биолоџикс“, чија употреба во кинеската армија беше одобрена во јуни.
Таа соопшти дека во април лично примила една од експерименталните вакцините, додавајќи дека не почувствувала никакви симптоми во изминатите месеци без да ја наведе вакцината.
Водечка во трката е руската група од Институтот за истражување „Гамалеја“, чија вакцината веќе е одобрена од властите за употреба кај своите граѓани, иако не ги мина вообичаените фази на тестирање.
Потоа следува т.н. оксфордска вакцина на „Астра Зенека“, која најави продолжување на тестирањето на потенцијалната вакцина во Велика Британија, откако тоа беше запрено минатата недела, откако волонтер од Велика Британија се разболел. Испитувањето на вакцината во САД и другите земји останува во мирување.
Трета во оваа трка по вакцини е кинеската компанија „Синовак“, која доби одобрение да започне испитувања во фаза 3 во Бразил.